Свет

Гувернерот на Калифорнија во Давос: Престанете со пасивноста и спротивставете му се на Трамп

– Не можам повеќе да ја гледам оваа пасивност, луѓе кои само се превртуваат на грб. Требаше да понесам куп штитници за колена за сите светски лидери. Срамно е колку јадно изгледаат на светската сцена, додаде гувернерот на Калифорнија.

Гувернерот на Калифорнија во Давос: Престанете со пасивноста и спротивставете му се на Трамп

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, упати остри критики до Европа поради, како што го нарече, нејзиниот „претпазлив одговор“ на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд.

За време на Светскиот економски форум во Давос, Њусом, кој е од редовите на Демократската партија ги повика европските лидери да покажат поголема одлучност и да престанат со „соучесничката пасивност“ во односите со Вашингтон.

– Време е да се приберете. Време е да станете сериозни и да престанете да бидете соучесници. Време е да се исправите, да бидете цврсти и да покажете ‘’рбет’“, порача Њусом во изјава за новинарите.

– Не можам повеќе да ја гледам оваа пасивност, луѓе кои само се превртуваат на грб. Требаше да понесам куп штитници за колена за сите светски лидери. Срамно е колку јадно изгледаат на светската сцена, додаде гувернерот на Калифорнија.

Њусом ја отфрли можноста за традиционална дипломатија со актуелниот американски претседател, користејќи сликовита метафора: Трамп е Т-рекс: или се париш со него, или те проголтува.

Аналитичарите оценуваат дека ваквиот „бескомпромисен“ речник политички му одговара на Њусом, кој се обраќа и до домашната публика во САД, но и до европската јавност. Се верува дека гувернерот на Калифорнија се позиционира како идна фигура на која Европа би можела да се потпре во спротивставувањето на политиките на Трамп во наредните години.

Најнови вести од Свет

To top