Свет обединети нации

Гутереш предупредува на нападите врз цивилната инфраструктура во Иран

„Иако и специфичната цивилна инфраструктура може да се квалификува како воена цел, меѓународното хуманитарно право сепак забранува напади врз неа доколку се очекува да предизвика прекумерна случајна штета врз цивилите“, изјави синоќа портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, во Њујорк.

Гутереш предупредува на нападите врз цивилната инфраструктура во Иран

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика САД и Израел да се воздржат од напади врз иранските електрани и друга цивилна инфраструктура, предупредувајќи дека таквите напади би го прекршиле меѓународното право, јави ДПА.

„Иако и специфичната цивилна инфраструктура може да се квалификува како воена цел, меѓународното хуманитарно право сепак забранува напади врз неа доколку се очекува да предизвика прекумерна случајна штета врз цивилите“, изјави синоќа портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, во Њујорк.

Тој додаде дека е „крајно време страните да го запрат овој конфликт, бидејќи не постои одржлива алтернатива на мирното решавање на меѓународните спорови“, пренесе германската агенција.

Предупредувањата доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со уништување на сите мостови и електрани ако не го почитува неговиот последен ултиматум. Зборувајќи во Белата куќа, Трамп рече дека САД би можеле да извршат „целосно уривање“ во рок од четири часа.

Крајниот рок за Техеран да ја отвори Ормуската Теснина, критичната рута за глобалните испораки на нафта и гас, истекува вечерва во 20 часот (среда 00:00 GMT).

To top