Свет Израел да го почитува договорот

Гутереш: Посетата на Нетанјаху на Сирија е „загрижувачка“

Сирија „ја осудува најостро оваа нелегална посета (на Нетанјаху), која ја смета за сериозно кршење на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Гутереш: Посетата на Нетанјаху на Сирија е „загрижувачка“

Денешната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на израелските сили распоредени во Сирија е „загрижувачка, благо кажано“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Оваа јавна посета е загрижувачка, благо кажано. Го повикуваме Израел да го почитува договорот за разделување од 1974 година“, со кој се воспостави демилитаризирана тампон зона на Голанската Висорамнина, изјави портпаролот Стефан Дужарик за новинарите.

Сириските власти денеска ја опишаа посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на југот од земјата како „кршење“ на нејзиниот суверенитет.

Сирија „ја осудува најостро оваа нелегална посета (на Нетанјаху), која ја смета за сериозно кршење на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Додаде дека го осудува „новиот израелски обид да наметне свршен чин што е во спротивност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“.

Нетанјаху, придружуван од други официјални лица, денеска ги посети израелските сили распоредени во Сирија, преку линијата на разграничување меѓу двете земји кои сè уште се во војна, соопшти израелската влада.

-Нетанјаху денеска ја посети тампон-зоната во Сирија, придружуван од министерот за одбрана Израел Кац, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, началникот на Генералштабот Ејал Замир и шефот на Шин Бет (внатрешна безбедност) Давид Зини, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

По соборувањето на сирискиот лидер Башар ал-Асад во декември 2024 година, Израел испрати војници во демилитаризираната зона патролирана од силите на ОН во сириските Голански Висорамнини, наведувајќи го недостатокот на доверба во новиот лидер на Сирија, поранешниот џихадист Ахмад ал-Шарех.

Демилитаризираната зона го одделува делот од сириската Голанска Висорамнина што Израел го окупира од 1967 година (и еднострано анектиран со израелски закон од 1981 година, кој ОН не го признава) од остатокот од Сирија.  (МИА)

To top