Свет Апел до Израел

Гутереш крајно вознемирен поради обновените непријателства во Газа

Гутереш повика на непопречена и непрекината помош низ Појасот Газа.

Гутереш крајно вознемирен поради обновените непријателства во Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа изјави дека е „крајно вознемирен“ од обновените непријателства во Газа и го повтори својот повик за одржлив прекин на огнот, по што апелираше до Израел да ги поштеди цивилите од натамошни страдања.

Тој, исто така, ги повика Израел и Хамас да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижариќ.

Според меѓународното право, цивилите не смеат да бидат намерни или случајни цели и воените операции мора да бидат пропорционални.

Израел вчера повика на масовна евакуација на жителите  на јужниот град Кан Јунис, но генералниот секретар кажа дека за нив никаде не е безбедно за заминување и дека имаат многу малку за преживување.

Гутереш повика на непопречена и непрекината помош низ Појасот Газа.

„Генералниот секретар останува длабоко загрижен за ескалацијата на насилството на окупираниот Западен Брег, вклучително и ескалацијата на израелските безбедносни операции, големиот број жртви и апсења, зголемувањето на насилството на (еврејските) доселеници (врз Палестинците) и палестинските напади врз Израелците“, рече портпаролот.  (МИА)

To top