Свет

Гутереш го осуди убиството на припадник на УНИФИЛ во јужен Либан

Гутереш го осуди убиството на припадник на УНИФИЛ во јужен Либан

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, остро го осуди вчерашното убиство на индонезиски војник од мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) предупредувајќи дека таквите напади може да претставуваат воени злосторства.

При израелски напад врз цел на Хезболах во Либан загина припадник на УНИФИЛ, а друг беше сериозно повреден.

Гутереш изрази сочувство до семејството и роднините на починатиот, како и до Индонезија, и му посака брзо закрепнување на повредениот војник.

ОН нагласи дека инцидентот е дел од низа настани изминатите денови што ја загрозуваат безбедноста на мировниците во регионот.

Гутереш ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право и да обезбедат заштита на персоналот и имотот на ОН. Тој нагласи дека нападите врз мировниците претставуваат сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и резолуциите на ОН и може да претставуваат воени злосторства за кои мора да се бара одговорност.

To top