Свет Вонредни ситуации

Грушко: Комуникацијата меѓу Русија и НАТО постои само за итните случаи

-Постојат таканаречени жешки линии за комуникација и можностите за итни контакти се уште се на ниво на министрите за одбрана на Русија и САД, а не за изнаоѓање начини за намалување на тензиите, рече Грушко.

Грушко: Комуникацијата меѓу Русија и НАТО постои само за итните случаи

Москва и НАТО имаат линии за комуникација, министрите за одбрана на Русија и на САД водат дијалог, но тие канали се повеќе наменети за вонредни ситуации, а не за изнаоѓање начини за намалување на тензиите, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

-Постојат таканаречени жешки линии за комуникација и можностите за итни контакти се уште се на ниво на министрите за одбрана на Русија и САД, а не за изнаоѓање начини за намалување на тензиите, рече Грушко.

Во октомври 2021 година, како одговор на протерувањето на руските дипломати од НАТО, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги објави руските реципрочни мерки: покрај суспендирањето на работата на воената мисија за врски на НАТО во Москва, престана и работата на нејзиното информативно биро.

Постојаната мисија на Русија во НАТО ја прекина својата работа, а за контакти со Русија од Алијансата беше побарано да контактира со рускиот амбасадор во Белгија.  (МИА)

To top