Свет новитет

Големи промени од 2026 година: Европска земја ги забранува социјалните мрежи за деца

Данска планира значително да го ограничи пристапот до социјалните мрежи за деца следната година, објавија властите во земјата.

Големи промени од 2026 година: Европска земја ги забранува социјалните мрежи за деца

Данска планира значително да го ограничи пристапот до социјалните мрежи за деца следната година, објавија властите во земјата.

Плановите на данската влада, кои го следат неодамнешниот пример на Австралија, би можеле да бидат преточени во закон веќе од средината на 2026 година, објави министерката за дигитализација Каролина Стејџ, пренесува Associated Press.

Данската влада минатиот месец објави дека постигнала политички договор меѓу трите партии од владејачката коалиција и двете опозициски партии во парламентот за забрана на пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години.

Данските власти сè уште не објавиле како точно ќе се спроведува предложената забрана и кои платформи на социјалните медиуми ќе бидат опфатени.

Ако данскиот парламент го усвои законот, тоа би била една од најсеопфатните мерки поврзани со овој проблем во Европа, наведува агенцијата.

Многу платформи за социјални мрежи веќе им забрануваат на децата под 13 години да се регистрираат, а законите на ЕУ бараат од големите технолошки компании да воведат мерки за заштита на младите луѓе од онлајн ризици и несоодветна содржина, но властите и експертите велат дека ваквите ограничувања не секогаш функционираат.

Данските власти соопштија дека, и покрај постојните ограничувања, околу 98 проценти од данските деца под 13 години имаат профили на барем една платформа за социјално вмрежување, а речиси половина од оние под 10 години се присутни и на социјалните медиуми.

Данска е само една од земјите што навестија дека планираат да ги следат стапките на Австралија.

Се очекува Малезија да ги забрани сметките на социјалните медиуми за лица под 16 години почнувајќи од почетокот на 2026 година, а Норвешка, исто така, презема чекори за ограничување на пристапот до социјалните медиуми за деца и тинејџери, според AP.

Забраната за социјални медиуми за лица под 16 години стапи на сила оваа недела во Австралија.

Платформите како што се Instagram, TikTok и YouTube сега се должни да ги блокираат сметките на корисниците под 16 години во таа земја или да се соочат со казни до 33 милиони долари.

To top