Свет изјава

Германскиот министер за надворешни работи го повика Иран да запре со напади врз трети земји

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска го повика Иран да запре со, како што ги оцени, „неодговорните“ напади врз трети земји, но истовремено додаде дека не гледа непосредна закана за НАТО од актуелниот конфликт.

Вадефул најави и дополнителна хуманитарна помош од речиси 100 милиони евра и нагласи дека државите мора да спречат раселувањето на населението на Блискиот Исток да се претвори во „нов бран бегалци“.

– Целосно е неоправдано Иран да напаѓа држави кои не учествувале во нападите врз Исламската Република – изјави тој.

Во изјава заедно со својот колега од Холандија, германскиот министер нагласи дека Украина останува најважниот безбедносен приоритет за Германија и ја повика Унгарија да престане да ја блокира помошта за Киев.

To top