Свет

Германска министерка: Училиштата треба да ги подготват учениците за можна војна

Германска министерка: Училиштата треба да ги подготват учениците за можна војна

„Граѓанската одбрана е исклучително важна, таа им припаѓа и на училиштата. Учениците мора да бидат подготвени да се соочат со сите видови потенцијални кризи и катастрофи – вклучително и војна“, рече германската министерка за образование Бетина Старк-Ватингер.

Таа во интервју за локалниот весник „Функе медиа груп“ ја истакна важноста на цивилната одбрана. Старк-Ватингер рече дека училиштата треба да се занимаваат со цивилна заштита и нагласи дека целта мора да биде „јакнење на нашата отпорност“.

– Општеството како целина мора да биде добро подготвено за кризи – од пандемии, природни катастрофи до војна – рече таа, пренесува Билд.

Старк-Ватингер се осврна на вежбите за цивилна одбрана спроведени во училиштата во други земји, како што е Обединетото Кралство, велејќи дека Германија може да го стори истото.

Министерката повика и на развивање на „опуштени“ односи меѓу студентите и вооружените сили. Таа предложи воените офицери да ги посетат училиштата за да објаснат што вооружените сили прават за  безбедноста.

Таа истакна дека не може да го разбере отпорот на таквата практика.

На младинските службеници на Бундесверот во моментов им е дозволено да ги посетуваат училиштата во Германија на покана од наставници или училишни администратори. Старк-Ватингер , исто така, повика младите во Германија да се запознаат со заканите по слободата, со цел подобро да се оспособат да се справат со таквите опасности. Ова не треба да биде сопствен училишен предмет, туку дел од наставната програма, смета таа.

Најнови вести од Свет

To top