Свет

Германија не размислува за нови избори по изборите за ЕП

Германската држава не размислува за нови избори, откако владејачката коалиција претрпе значителни загуби на изборите за Европскиот парламент (ЕП), изјави портпаролот на германската Влада.

-Ниту за секунда немаше индикации дека ќе се случат нови избори, изјави портпаролот на германската Влада, пренесуваат британските медиуми.

Коалицијата на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освои 29 мандати во ЕП со 30 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) освои 15 мандати со 15,9 отсто од гласовите, се наведува на сајтот на ЕП.

Социјалдемократската партија на Германија (СДП) освои 15 мандати со 13,9 отсто од гласовите, додека еколошката партија Совет 90/Зелени освои 12 места со 11,9 отсто од гласовите.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави распуштање на францускиот Парламент и распишување избори за 30 јуни и 7 јули поради неуспехот на неговата партија на изборите за ЕП.

To top