Свет Навални почина на 16 февруари

Германија го повика на разговор рускиот амбасадор поради смртта на Навални

Германското Министерство за надворешни работи го повика рускиот парламент поради смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски лидер, соопшти портпарол на министерството.

Германија го повика на разговор рускиот амбасадор поради смртта на Навални

„Разговорот со рускиот амбасадор ќе се одржи денеска во Берлин“, рече портпаролот на редовниот брифинг со новинарите.

– Германија експлицитно инсистира сите политички затвореници во Русија да бидат ослободени, продолжи тој и додаде: „Шокантно е што во Русија се апсат еден куп луѓе за положување цвеќе во спомен на Навални“.

To top