Свет

Г7 го осуди нападот врз Израел и повика на воздржаност

Г7 го осуди нападот врз Израел и повика на воздржаност

Лидерите на земјите-членки на Г7 на денешниот вонреден состанок го осудија нападот на Иран врз Израел и повикаа на „воздржаност“ од сите страни.

– Едногласно го осудивме нападот без преседан на Иран против Израел, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.

Ќе продолжиме со сите наши напори да работиме на деескалација. Завршувањето на кризата во Газа што е можно поскоро, особено преку итен прекин на огнот, ќе направи разлика“.

To top