Данската премиерка Мете Фредериксен денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за да разговара за најновите случувања во врска со Гренланд.
Средбата ќе се одржи во контекст на плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за стекнување на островот, кои предизвикаа дипломатско внимание и потенцијални тензии меѓу сојузниците.
Агендата на состанокот вклучува дефинирање на границите на прифатлив ангажман за Данска и Гренланд.
Генералниот секретар на НАТО вчера се сретна со Трамп со кого разговараа за нацрт-верзиите на идниот договор за Гренланд и безбедносните аспекти на Арктикот.
Фредериксен вчера, по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел, изјави дека суверенитетот на земјата е неповредлива „црвена линија“, но дека Данска е отворена за зајакнување на безбедносната соработка во арктичкиот регион.
Како што објави „Гардијан“, Фредериксен им се заблагодари на другите земји-членки на Европската унија за нивната поддршка, нагласувајќи дека заедничкиот и унифициран пристап на Европа носи резултати.