Свет

Фредериксен: Данска сака да соработува со САД, но со почит и без закани

Подготвени сме на разговори со САД за билатералните односи, за зајакнување на соработката и за безбедноста на „потрадиционален политичко-дипломатски начин“, но Данска има свои црвени линии за кои не може да преговара, изјави вечерва данската премиерка Мете Фредериксен при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел.

– Од самиот почеток нагласивме дека за нашиот суверенитет не може да се дискутира. Секако соработуваме со САД, како што сме правеле отсекогаш, во врска со безбедноста, но за нашите црвени линии и јасни демократски правила, не може да се дискутираат. Соработуваме многу блиску многу години, но мора да соработуваме со почит, без да се закануваме едни на други и затоа се надевам дека ќе најдеме политичко решение како сојузници, додаде Фредериксен.

Фредерискен и заблагодари на „цела Европа“ во името на Данска и Гренланд за сета поддршка што ја добиваат, нагласувајќи дека тоа покажало оти кога Европа не е поделена, кога стои заедно и кога е јасна и силна во презентирањето на она за што се залага, тогаш се покажуваат и резултати.

– Тоа беше исклучително важно во оваа многу тешка ситуација во која се наоѓаме. Мислам дека научивме нешто во текот на последните неколку дена и недели и сега секако сакаме да најдеме решение, рече Фредериксен.

Таа нагласи дека е побарано од НАТО „да биде поприсутен во арктичкиот регион“, додавајќи дека сите во Алијансата се согласуваат дека е потреба нејзино постојано присуство во Арктикот, вклучително и околу Гренланд.

To top