Француското Министерство за надворешни работи синоќа објави дека францускиот државјанин Чан Тао Фуми (62), осуден на смрт во 2010 година за трговија со дрога, е егзекутиран.
„Со тага дознавме за егзекуцијата во Гуангжу на нашиот сонародник Чан Тао Фуми (62), кој беше осуден на смрт во 2010 година за трговија со дрога“, се вели во француското дипломатско соопштение.
– И покрај напорите на француските власти, вклучително и да се добие одлука за помилување од хуманитарни причини за нашиот сонародник, кинеските власти одлучија да ја извршат казната по повеќе од 20 години затвор – се додава во соопштението.
„Франција го повторува своето противење, насекаде и во сите околности, на смртната казна и повикува на нејзино универзално укинување“, соопшти Министерството за надворешни работи.