Свет државна стратегија

Франција забранува пушење на плажите, парковите, шумите во близина на училиштата

Отсега, зоните за непушачи ќе станат важни и многубројни простори како дел од спроведувањето на стратегијата што ја најави претседателот Макрон за создавање на првата генерација непушачи Французи до 2032 година.

Франција забранува пушење на плажите, парковите, шумите во близина на училиштата

Франција ќе го забрани пушењето на сите плажи, паркови, шуми и области во близина на училиштата, изјави денеска францускиот министер за здравство Орелиен Русо, пренесува Гардијан.

Отсега, зоните за непушачи ќе станат важни и многубројни простори како дел од спроведувањето на стратегијата што ја најави претседателот Макрон за создавање на првата генерација непушачи Французи до 2032 година.

Во оваа земја веќе има 7.200 локации каде пушењето е забрането, вклучувајќи го и градот Ница на француската ривиера, каде во 2012 година беше легализирана првата плажа на која беше забрането уживањето во никотин.

Одлучено е локациите на кои не е дозволено пушење повеќе да не ги избираат органите на локалната управа, туку само државните органи, односно Владата, ќе одлучуваат за ова прашање.

Русо нагласи дека ќе се зголеми данокот на цигарите и дека стандардната кутија од 20 цигари, која сега чини околу 11 евра, до крајот на следната година ќе поскапи на 12, а потоа на 13 евра. Според Русо, владата ќе ја забрани и употребата на сите видови електронски цигари, кои се сметаат за многу опасни, бидејќи го популаризираат пушењето меѓу младите.

Пушењето во баровите и рестораните во Франција беше забрането во 2008 година и денес има голема поддршка од јавноста. Сепак, според последните податоци на здравствените организации во Франција, околу 12 милиони граѓани пушат секој ден, а речиси 32 отсто од Французите на возраст меѓу 18 и 75 години се класифицираат како пушачи.

Секоја година во оваа медитеранска земја дури 75.000 граѓани умираат од болести предизвикани од консумацијата на тутун, а полицијата веќе извесно време укажува на постојан пораст на криминалот поврзан со шверцот на големи количини цигари.

Најнови вести од Свет

To top