Свет „Најчувствителните“ места за богослужба

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Францускиот министер рече дека како што се приближува Пасха – од 22 до 30 април, треба да се посвети поголемо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број луѓе.

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен побара од полициските префектури да ја зголемат безбедноста пред синагогите, како и пред верските училишта, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха.

Дарманен побара од полицијата да има видливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужба и згради.

Францускиот министер рече дека како што се приближува Пасха – од 22 до 30 април, треба да се посвети поголемо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број луѓе.

Дарманен нагласи дека од денеска чувари треба да бидат присутни пред влезот на верските училишта при влез и излез на учениците.

Таа одлука е донесена поради „многу високо ниво на терористичка закана“, „високо ниво на антисемитски акти и тензии на меѓународно ниво“, вклучително и нападот на Иран врз Израел, додаде Дарманен. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top