Свет два дена по нападите

ФОТО: ЦЕЛ СВЕТ ГО СЛЕДИ ОВОЈ ЛЕТ – Полета првиот авион од Абу Даби, ова е крајната дестинација

ФОТО: ЦЕЛ СВЕТ ГО СЛЕДИ ОВОЈ ЛЕТ – Полета првиот авион од Абу Даби, ова е крајната дестинација

Два дена откако Америка и Израел го нападнаа Иран, првиот патнички авион полета од Абу Даби. Неговата последна дестинација, како што може да се види на веб-страницата „Flight Radar“, е Лондон.

Според објавените податоци, авионот полетал од ОАЕ со 29 минути задоцнување, во 14:39 часот по локално време, и треба да слета во главниот град на Велика Британија во 18:10 часот.

Израел и Америка го нападнаа Иран во сабота наутро. Конфликтот доби широки размери, а меѓу погодените земји се ОАЕ, Катар, Бахреин, а експлозии се слушнаа дури и на Кипар.

Аеродромите во Дубаи, Абу Даби и Доха, кои се меѓу најпрометните во светот, ги прекинаа операциите.

To top