Барон Трамп, синот на Меланија и Доналд Трамп првпат гласаше на овие претседателски избори во САД.
Гордата мајка објави фотографија од Барон од избирачкото место, опишувајќи дека тој веќе пораснал и може да го оствари своето гласачко право.
-Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.
– Америка ни даде моќен и мандат без преседан. Ја вративме контролата врз Сенатот – тоа е добро, рече Трамп.
– И трките во Сенатот во Монтана, Невада, Тексас, Охајо, Мичиген, Висконсин, големиот Комонвелт на Пенсилванија, сите беа освоени од движењето МАГА (Make America Great Again), рече Трамп.
– Бројот на победи во Сенатот беше апсолутно неверојатен, додаде тој.
Тој му се заблагодари на американскиот народ за „извонредната чест да биде избран за 47-ми претседател и 45-ти претседател“.
– Ќе се борам за вас, за вашето семејство и за вашата иднина секој ден. Ќе се борам за вас со секој здив во моето тело. Нема да мирувам додека не ја испорачаме силната, безбедна и просперитетна Америка каква што заслужуваат нашите деца и каква што заслужувате вие. Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, им рече тој на своите поддржувачи во Флорида.
Тој истакна дека „Бог со причина го поштедил неговиот живот“.