Свет

ФОТО: Путин и Ким Џонг-ун договорија воен пакт

ФОТО: Путин и Ким Џонг-ун договорија воен пакт

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша договор со севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун, кој вклучува ветување за взаемна одбрана, што е еден од најзначајните потези на Русија во Азија во последните години.

Путин рече дека Русија и Северна Кореја ги подигнале меѓудржавните односи на „ново ниво“, ветувајќи дека ќе си помагаат меѓусебно доколку некоја од нациите биде нападната во новото партнерство објавено за време на посетата на рускиот претседател на земјата.

en.kremlin.ru

Путин беше во прва посета на Северна Кореја по 24 години Двајцата лидери потпишаа ново стратешко партнерство.

-Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска вклучува, меѓу другото, обезбедување взаемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор, рече Путин по средбата.

Тој рече дека договорот ги опфаќа „политичката, трговската, инвестициската, културната сфера, како и безбедносната сфера“, нарекувајќи го пактот „револуционерен документ што симболизира заедништво“, пренесува Си-Ен-Ен.

en.kremlin.ru

Путин рече дека заедничките вежби во кои учествуваат САД, Јужна Кореја и Јапонија се „непријателски“ кон Северна Кореја, опишувајќи ја американската политика како „конфронтирачка“. Во меѓувреме, Ким го нарече новиот сојуз „пресвртница во развојот на билатералните односи“.

Северна Кореја „изразува целосна поддршка и солидарност со руската влада, армија и народ во спроведувањето на специјална воена операција во Украина за заштита на суверенитетот, безбедносните интереси, како и територијалниот интегритет“, му рекол Ким меѓу другото на Путин.

To top