Косовско-швајцарски диџеј загина во страшна сообраќајна несреќа во Италија. Со него во автомобилот била и жена чиј идентитет не е идентификуван.
Хисни Ќестај, 40-годишен диџеј по потекло од Косово, загина во сообраќајна несреќа во која со своето Ферари удрил во заштитна ограда на патот. Од силината на ударот автомобилот се поделил на половина и се запалил.
Со него во автомобилот имало и жена која исто така починала, а според информации не е неговата сопруга. Нејзиниот идентитет засега е непознат.
Несреќата се случила во неделата на патот Ивреа-Сантија во областа на италијанската општина Алис Кастело.
Ќестај, кој е швајцарски државјанин и живеел во Вилнев во кантонот Во, претходно таа вечер работел во ноќен клуб во швајцарскиот кантон Вале и седнал зад воланот на моќниот автомобил во раните утрински часови, пишуваат италијанските портали.
Сообраќајната полиција утврдила дека Хисни со белото Ferrari GT4 Lusso во моментот на ударот најверојатно возел со брзина од близу 200 km/h.
Идентитетот на починатиот диџеј го потврди неговиот брат, додека главниот обвинител во Верчели нареди ДНК идентификација на двете изгорени тела кои, според пишувањата на италијанските медиуми, од автомобилот ги ваделе пет часа.
Косовско-швајцарскиот диџеј зад себе ги остави сопругата и двете малолетни деца.