Свет По поканата од САД

Фон дер Лајен уште не решила дали да учествува во Одборот за мир во Газа

– Во моментов претседателката е фокусирана на подготовките на важниот состанок на Европскиот совет што ќе се одржи в четврток. Очекуваме Одборот за мир да биде тема на дискусија на средбата, рече Гил.

Фон дер Лајен уште не решила дали да учествува во Одборот за мир во Газа

Учеството на Европската Унија во Одборот за мир во Газа ќе биде тема на дискусија на утрешниот Самит на ЕУ, најави денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил во одговор на новинарско прашање дали претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја прифатила поканата да биде дел од ова тело формирано од американскиот претседател Доналд Трамп.

– Во моментов претседателката е фокусирана на подготовките на важниот состанок на Европскиот совет што ќе се одржи в четврток. Очекуваме Одборот за мир да биде тема на дискусија на средбата, рече Гил.

Тој потсети дека Европската комисија добила покана од САД да учествува во Одборот за мир и дека го цени тоа.

– Ја споделуваме целта за постигнување мир, а особено кога станува збор за придонес во втората фаза од сеопфатниот план за ставање крај на конфликтот во Газа. Активно разговараме со САД како можеме заеднички да ја постигнеме оваа цел, а по ова прашање сме во близок контакт и со нашите други партнери, додаде Гил.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top