Свет додаден Јахја Синвар

ЕУ го стави на листата на терористи лидерот на политичкото крило на Хамас

„Покрај тоа од ЕУ му е забрането е да му се ставаат на располагање средства и економски ресурси“, соопшти Европскиот совет.

ЕУ го стави на листата на терористи лидерот на политичкото крило на Хамас

Европскиот совет денеска соопшти дека на списокот на терористи го додале Јахја Синвар, лидерот на политичкото крило на палестинскиот Хамас.

„Денеска, Советот одлучи да додаде едно лице на листата на терористи на Европската унија. Оваа одлука е дел од одговорот на Европската унија на заканата од Хамас и неговите брутални и недискриминирачки терористички напади во Израел на 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Се додава дека од денеска се замрзнати сите средства и друг имот на Синвар во земјите членки на Европската Унија.

„Покрај тоа од ЕУ му е забрането е да му се ставаат на располагање средства и економски ресурси“, соопшти Европскиот совет.

To top