Свет

ЕУ ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за одбивање визи за палестинските претставници во ОН

Европската унија денеска ги повика САД да го „преиспитаат“ своето одбивање да издадат визи за палестинските претставници кои планираат да присуствуваат на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

-Сите повикуваме оваа одлука да се преиспита, земајќи го предвид меѓународното право, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, во Копенхаген по состанокот на сите 27 министри за надворешни работи на ЕУ.

Вашингтон вчеравечер ја објави одлуката за одбивање визи, неколку недели пред почетокот на сесијата на Генералното собрание на ОН, каде што Франција ќе се залага за признавање на палестинска држава, а се очекува дека и други земји во Европа и светот ќе ѝ се придружат.

To top