180 ракети беа истрелани кон Израел синоќа, а повеќето од нив беа пресретнати од противоздушната одбрана со помошта од САД.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху дециден кон Иран.
-Иран направи голема грешка вечерва и ќе плати за тоа. Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и нашата решеност да се одмаздиме на нашите непријатели, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Следуваше закана од Техеран, кои изјавија дека нападот бил акт на самозаштитување и одговор на убиствата на лидерите на Хамас и Хезболах.
-Револуционерната гарда и вооружените сили на Иран се подготвени и одбранбено и офанзивно да ја повторат оваа операција со повеќекратен интензитет. Нашиот суверенитет или територијален интегритет, вечерашната операција ќе се повтори со многу поголема јачина и ќе ги погодиме сите нивни инфраструктури, изјави генерал Мохамад Багери, началник на генералштабот на иранските вооружени сили.
Акцијата на Иран беше осудена од сојузниците во Тел Авив. Франција испраќа дополнителни воени сили во регионот за да се одговори на евентуална закана.
Американскиот претседател Џо Бајден ја истакна целосната поддршка. Вашингтон отфрли дека бил предупреден од Иран за нападот.
-Израел има право да се брани, како и секоја нација. Во однос на тоа каков ќе биде одговорот на Израел, секако, мора да има последици за Иран за овој напад. Ние јасно ставивме до знаење дека мора да има последици. Не сум ќе навлеземе во тоа какви се тие последици денес, но тие се работи за кои ќе се координираме со нашите израелски колеги и мислам дека веднаш по овој напад, ќе се координираме со нив за тоа каков одговор би можел. Мислам дека е важно да го победиме овој напад, преку успешна работа со Израел и со нашите партнери, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Во исто време Израел испрати дополнителни војници во јужен Лубан спроведувајќи прекугранични рации на цели на Хезболах откривајќи тунели и складишта за оружје под куќите.