Свет Промените имаат за цел да ја подобрат соработката меѓу земјите на ЕУ

ЕП ќе гласа за новите правила за миграција

Европскиот парламент утре ќе гласа за новите правила за миграција во Европска Унија. Промените имаат за цел да ја подобрат соработката меѓу земјите на ЕУ и да обезбедат можности за дејствување во случај на криза.

ЕП ќе гласа за новите правила за миграција

Новите правила, доколку бидат одобрени, ќе воведат „задолжителна емпатија“ за распределбата на мигрантите во ЕУ и начините за одредување која земја ќе ги разгледа нивните барања за меѓународна заштита. Државите ќе можат да избираат помеѓу преселување на барателите на азил, обезбедување финансиски придонеси во општиот буџет за миграција или обезбедување поддршка на земјите под миграциски притисок, се наведува во соопштението на ЕП.

Предвидени се униформни правила за прифаќање на барателите на азил, заедничка постапка за утврдување на нивните барања и за побрзо враќање. Процедурите ќе влијаат и на собирањето податоци од мигрантите – отпечатоци од прсти и фотографија.

Најнови вести од Свет

To top