Свет емирот повика на меѓународна истрага

Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа

Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“, пренесува ДПА.

Емирот на Катар го критикува Израел за „геноцид“ во Газа

– Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.

Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности … со извршување на злосторства против човештвото“.

Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“.

Најнови вести од Свет

To top