Свет

Eксплозивен материјал запленет во Еквадор, бил наменет за терористички акти во Колумбија

Eксплозивен материјал запленет во Еквадор, бил наменет за терористички акти во Колумбија

Еквадорската полиција денеска објави дека запленила поголема пратка експлозиви што биле во транзит од Перу за Колумбија, а кои требало да се користат за извршување „терористички акти“.

Полицијата за време на погранична операција запленила 3.750 кутии експлозиви и 25.000 метри детонаторска жица, што доведе до апсење на двајца Еквадорци.

Операцијата доаѓа по нападот со камион-бомба во југозападна Колумбија во четвртокот, во кој загинаа шест лица.

To top