Свет ВИДЕО

Експлозии во Киев

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат сирени и експлозии додека деца од училиште трчаат кон засолниште.

Експлозии во Киев

Неколку силни експлозии одекнаа утрово, околу 10:30 часот по локално време, во Киев, за што јавија неколку домашни и странски медиуми.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат сирени и експлозии додека деца од училиште трчаат кон засолниште.

Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив бил забележан чад на источниот брег на реката Дњепар во Киев.

Кусо потоа воената администрација на Киев соопшти дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерск во градот, оштетувајќи една станбена зграда.

Теми на денот

To top