Свет Нападите и убиствата на новинари претставуваат воени злосторства

Експертите на ОН ги осудија целните напади врз медиумите во Газа

Петмина известувачи на ОН денеска ги осудија целните напади врз медиумите во Појасот Газа, истакнувајќи оти тоа е „намерна стратегија“ со цел да се замолчат новинарите.

Експертите на ОН ги осудија целните напади врз медиумите во Газа

– Нападите и убиствата на новинари претставуваат воени злосторства … Нападите врз медиумите во Газа и ограничувањата на пристапот на други новинари во комбинација со сериозни нарушувања на интернет претставуваат големи пречки за правото на информирање, се наведува во извештајот.

Според информациите со кои располага ОН, повеќе од 122 новинари и медиумски работници се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас по нападот на 7 октомври врз јужен Израел предводен од палестинската исламистичка организација.

Припадниците на Хамас убија четворица израелски новинари на 7 октомври, а тројца либански новинари беа убиени во израелско гранатирање во близина на либанската граница.

Покрај тоа, израелските сили уапсија десетици палестински новинари во Газа и во Западен Брег.

Известувачите изразија загриженост поради тоа што новинарите биле нападнати иако нивните јакни и шлемови биле јасно означени со „прес“ или додека се возеле во јасно обележани возила.

Се чини дека тоа сугерира дека нападите се намерна стратегија на израелските сили да ги попречат медиумите и да го замолчат критичкото известување, заклучуваат експертите на ОН.

To top