Свет

ЕК потврди- Фон дер Лајен била во болница една недела, ова е причината

ЕК потврди- Фон дер Лајен била во болница една недела, ова е причината

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен беше хоспитализирана околу една недела со тешка пневмонија и „сега се врати дома“, рече нејзиниот портпарол, потврдувајќи ги информациите во германските медиуми.

Претседателката на Комисијата „беше хоспитализирана околу една недела поради лекување на пневмонија и сега се врати дома. Таа не беше на интензивна нега“, изјави портпаролката Аријана Подеста, додавајќи дека Фон дер Лајен „била во секојдневен контакт со нејзиниот тим во Комисијата“.

– Таа сега работи од дома и продолжува да закрепнува од оваа тешка болест, рече портпаролката.

Европската комисија на 3 јануари соопшти дека Фон дер Лајен ги откажала сите патувања на две недели поради „тешка пневмонија“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Портпаролката увери дека Фон дер Лајен продолжува да ги „врши своите должности“ од далечина, „во близок и секојдневен контакт со нејзиниот тим“.

To top