Свет поддршка ќе продолжи со несмалено темпо

ЕК: Идното финансирање на УНРВА ќе зависи од истрагата за вмешаност на нејзини припадници во нападите на Хамас врз Израел

Европската комисија денеска соопшти дека своите следните одлуки за финансирање на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) ќе ги донесе врз основа на резултатите од истрагата по обвиненијата за вмешаност на членови на нејзиниот персонал во нападите на Хамас врз Израел во октомври минатата година.

ЕК: Идното финансирање на УНРВА ќе зависи од истрагата за вмешаност на нејзини припадници во нападите на Хамас врз Израел

– Во моментов, не е предвидено дополнително финансирање на УНРВА до крајот на февруари. Европската комисија ќе ги носи следните одлуки за финансирање на УНРВА во светлина на многу сериозните наводи изнесени на 24 јануари во врска со вмешаност на персоналот на УНРВА во грозоморните напади на 7 октомври, се наведува во соопштението на Европската комисија, по најавите на неколку држави, вклучително и членки на ЕУ, за прекин на финансирањето на УНРВА поради ваквите обвиненија.

Еврокомисијата посочува дека ќе го разгледа случајот врз основа на резултатите од истрагата најавена од ОН и активностите што ќе бидат преземени.

– Комисијата ги поздравува информациите дадени од УНРВА, како и започнувањето на истрагата и очекува УНРВА да се согласи да се изврши ревизија што ќе ја спроведуваат независни надворешни експерти назначени од ЕУ, фокусирајќи се конкретно на контролните системи потребни за да се спречи можното вклучување на нејзиниот персонал во терористички активности. Исто така, очекува зајакнување на Одделот за внатрешни истраги на УНРВА, кој е клучен во овој поглед, се додава во соопштението.

Според Еврокомисијата, треба да се започне и со проверка на сите членови на персоналот на УНРВА што е можно поскоро, за да се потврди дека тие не учествувале во нападите.

Во соопштението се потенцира и дека Европската Унија е еден од најголемите донатори на хуманитарна и развојна помош за Палестинците во Газа и на Западниот Брег и дека таа поддршка ќе продолжи со несмалено темпо преку партнерските организации.

Најнови вести од Свет

To top