Свет Газа

Египетскиот претседател го нарекува договорот меѓу Израел и Хамас „триумф на волјата за мир над логиката на војната“

Светот беше сведок на историски момент што го отелотворува триумфот на волјата за мир над логиката на војната, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во објава на својот официјален профил на Фејсбук во врска со долгоочекуваниот договор меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на израелски заложници и палестински затвореници.

„Во Шарм ел-Шеик, во земјата на мирот и лулката на дијалогот и зближувањето, беше постигнат договор за прекин на огнот и војната во Газа по две години страдање, во согласност со мировниот план презентиран од претседателот (САД) Доналд Трамп и поддржан од Египет, Катар и Соединетите Американски Држави“, се додава во соопштението.

Овој договор не само што ја врти страницата на војната, туку и ја отвора вратата на надежта за луѓето од регионот за иднина на правда и стабилност, изјави египетскиот шеф на државата.

To top