Свет

Египет и Катар бараат примирјето да продолжи уште два дена

Тие наведуваат дека продолжувањето на примирјето ќе овозможи поголем број на палестински затвореници и зголемување на испораката на хуманитарна помош.

Египет и Катар бараат примирјето да продолжи уште два дена

Египет и Катар вршат притисок за привремениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас да биде продолжен уште два дена, објавија египетските медиуми.

Тие наведуваат дека продолжувањето на примирјето ќе овозможи поголем број на палестински затвореници и зголемување на испораката на хуманитарна помош.

Првото четиридневно примирје помеѓу Израел и Хамас требаше да заврши на 27 ноември, но беше продолжено уште два дена до утрово. Но пред истекот на прекинот на огнот утрово беше постигнат договор за дополнително продолжување на примирјето.

To top