Свет „Cybertruck“

Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Во „Cybertruck-от“ затекнавме починато лице, но во моментов не знаеме дали е машко или женско, рече Мекмахил.

Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“  на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени во експлозија на електричен автомобил „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада.

Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави дека пожарот на возилото бил пријавен во 8:40 часот по локално време. Екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот и го затекнале возилото „Cybertruck“ од 2024 година целосно зафатено со пламен.

-Во „Cybertruck-от“ затекнавме починато лице, но во моментов не знаеме дали е машко или женско, рече Мекмахил.

Според шерифот, во експлозијата со „лесни“ повреди се здобиле уште седум лица.
Џереми Шварц, вршител на должноста специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, потврди дека и неговиот тим е вклучен во истрагата.

Според извори запознаени со истрагата, возилото било изнајмено преку компанијата за изнајмување автомобили Туро.

Надзорните камери го снимиле возачот додека возел крај хотелот „Трамп“ во Лас Вегас околу еден час пред експлозијата, а потоа се врти и застану пред хотелот, каде што возилото експлодирало неколку секунди подоцна, изјави официјален претставник за Си-Ен-Ен.

Во возилото биле пронајдени Експлозивни направи, што полицијата ги опиша како пиротехнички средства, плински боци и гориво за кампување, за кои се верува дека биле поврзани со систем за детонација контролиран од возачот.

Властите истражуваат можни врски помеѓу оваа експлозија и нападот во Њу Орлеанс, каде што осомничениот влетал со камион најмен од Туро во толпа луѓе. Сепак, засега не е утврдена директна врска меѓу овие два инциденти.

За инцидентот се јави и сопственикот на „Тесла“, Илон Маск.

„Целиот сенирски тим на „Тесла“ во моментов го истражува овој случај. Ќе објавиме повеќе информации штом дознаеме нешто ново. Никогаш не сме виделе вакво нешто“, напиша Маск на X.

To top