Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ќе ги посети Азербејџан и Ерменија идниот месец, објави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут соушл, неколку месеци откако двете земји потпишаа мировен договор во август во Вашингтон.
Трамп наведе дека Венс ќе отпатува во двете земји за да „постигне напредок во иницијативата „Патот на Трамп за меѓународен мир и просперитет“.
„Ќе го зајакнеме нашето стратешко партнерство со Азербејџан, ќе склучиме прекрасен договор за мирна нуклеарна соработка со Ерменија, зделка со нашите главни производители на полупроводници и продажба на одбранбена опрема произведена во САД, како што се панцири, чамци и друго, на Азербејџан“, напиша Трамп на Трут соушл.
Договорот од август стави крај на речиси четиридецениската војна меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно-Карабах.
Според договорот, страните се откажаа од сите претензии кон територијата на другата страна и се обврзани да се воздржат од употреба на сила една против друга и да го почитуваат меѓународното право.