Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина.
-Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно тоа го очекува, Европа да одигра водечка улога, рече Венс во програмата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз.
-Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот, додаде американскиот потпретседател.