Свет

Две лица загинаа во украински ракетен напад врз регионот на Белгород

Две лица загинаа, а уште две се ранети при украинско гранатирање со ракетни фрлачи (РСЗО) денеска врз градот Граиворон во руската област Белгород, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Две лица загинаа во украински ракетен напад врз регионот на Белгород

„Од раните утрински часови, областа на Грајворон е под масовно гранатирање, вклучително и од ракетни фрлачи. Со голема тага (изјавувам дека) двајца цивили загинаа во Грајворон – мажите беа на улица кога ги погодија гранатите. Според првичните податоци две лица се повредени“, напиша Гладков на Телеграм.

Претходно тој објави дека едно лице загинало во гранатирање во Белгород, а две се ранети.

И Русија и Украина соопштија дека одбиле неколку непријателски воздушни напади минатата ноќ и утринава, со зголемено гранатирање во пограничните региони што поттикна евакуација на цивилите од двете страни.

Најнови вести од Свет

To top