Свет

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков.

– Избувна пожар, што доведе до делумно уривање на зградата. Спасувачите кои работат на лице место пронајдоа тела на две лица, изјави Гладков во објава на Х.

Како што е соопштено, при нападот се искршени прозорци на повеќе од десет станови, а оштетен е и еден автомобил. Во Белгородската област во сила е вонредна состојба која е прогласена на федерално ниво.

Најнови вести од Свет

To top