Свет

Девет загинати во автобуска несреќа во Виетнам

Девет загинати во автобуска несреќа во Виетнам

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во централен Виетнам, соопшти владата.

Во несреќата, која се случи утрово во 1:45 часот во провинцијата Ха Тин, учествувал автобус кој излетал од патот, удрил во сообраќајни знаци и се превртел.

Повредени се уште 16 лица, кои веднаш биле хоспитализирани со повеќе повреди.

To top