Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Австралија за време на прославата на еврејскиот празник Ханука се искачи на 16, вклучувајќи и едно дете, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк.
Тој изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека меѓу жртвите е и еден од двајцата напаѓачи. Тој истакна дека 38 лица повредени во нападот се уште се во болница. Полицијата претходно соопшти дека еден од осомничените напаѓачи е убиен, додека другиот е во критична состојба.
Претходно беше објавено дека најмалку 12 лица, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, беа убиени денеска во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, додека 29 лица беа повредени.