Свет Почина на 5 декември 2013 година

Десет години од смртта на Нелсон Мандела

Историјата го памети како човекот кој го победи апартхејдот, институционализираниот расизам.

Десет години од смртта на Нелсон Мандела

На денешен ден пред десет години, на 5 декември 2013 година, почина Нелсон Мандела, претседателот на Јужноафриканската Република, човек чие име стана симбол на борбата против расизмот.

Мандела беше претседател на Јужноафриканската Република од мај 1994 година до јуни 1999 година. Историјата го памети како човекот кој го победи апартхејдот, институционализираниот расизам.

Роден е во селото Мвезо, во близина на Умтата, во семејството Тембу. Тоа беше куќа на поранешни племенски владетели. Етнички, тој бил припадник на народот Коса. Денешната провинција Источен Кејп, за време на апартхејдот беше област на бантустаните Транскеј.

To top