Водоводните и санитарните услуги се на точка на колапс во Газа, која е разурната од војна со закана од големи епидемии на болести, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Според хуманитарни стандарди, минималната количина на вода потребна во итни случаи е 15 литри, која вклучува вода за пиење, перење и готвење. Само за преживување, проценетиот минимум е три литри дневно.
Неодамна раселените деца во јужниот дел на Појасот Газа имаат пристап само 1,5 до два литри вода секој ден, што е далеку под препорачаните потреби само за преживување, според проценките на УНИЦЕФ.
„Пристапот до доволни количини чиста вода е прашање на живот и смрт, а децата во Газа имаат едвај капка да се напијат“, рече извршната директорка Кетрин Расел.
„Децата и нивните семејства мора да користат вода од небезбедни извори кои се многу солени или загадени. Без безбедна вода, многу повеќе деца ќе умрат од сиромаштија и болести во деновите што доаѓаат“, додаде Расел.