Свет неочекувано

Цукерберг го пофали Маск

Откако, според многумина – неочекувано, Цукерберг најави и промени во работењето на компанијата, тој го поддржа новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Новитетите наидоа на критики кај некои вработени и корисници. Пример за тоа беше укинувањето на проверувачите на факти.

Цукерберг го пофали Маск

Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, кој ги поседува Фејсбук и Инстаграм, го пофали својот соперник, сопственикот на „Х“ – Илон Маск.

Откако, според многумина – неочекувано, Цукерберг најави и промени во работењето на компанијата, тој го поддржа новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Новитетите наидоа на критики кај некои вработени и корисници. Пример за тоа беше укинувањето на проверувачите на факти.

Во неделното сумирање на заработката на „Мета“, Цукерберг коментираше дека начинот на „Х“ проверува содржина и факти е поделотворен од она што „Мета“ го имаше досега.

– Не се плашам да го признаам тоа кога некој ќе направи нешто подобро од нас. Нашата работа е да го имплементираме најдобриот систем, бидејќи тоа ќе нѐ направи подобри, рече Цукербер.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Џоел Каплан, еден од директорите на „Мета“, рече дека овој пристап, каде што самата заедница одлучува кои објави се погрешни и имаат потреба од дополнителен контекст, и дека оваа заедница е составена од различни луѓе со различни перспективи и погледи на животот, е многу подобар. Тоа ја намалува можноста за пристрасност.

Имајќи предвид дека во еден миг Маск и Цукерберг не беа најдобри пријатели во минатото (дури договорија и тепачка во кафез – што никогаш не се случи), пофалбите на Цукерберг за „X“ покажуваат дека нивниот однос се подобрува. Маск возврати на „X“: „Тоа е одлично“.

Тоа значи, наместо во кафез, попрво ќе ги видиме овие двајца технолошки милијардери на некоја свечена вечера. И, веројатно, во друштво на Трамп

To top