Свет Нетанјаху ги отфрли повици за запирање на воената офанзива

Член на израелскиот воен кабинет го постави Рамазан како краен рок за започнување копнена офанзива во Рафа

Израел ќе започне копнена офанзива во Рафа следниот месец доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници до почетокот на Рамазан, изјави членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц.

Член на израелскиот воен кабинет го постави Рамазан како краен рок за започнување копнена офанзива во Рафа

– Ако нашите заложници не бидат дома до Рамазан, борбите ќе се преселат во областа Рафа, рече Ганц на прес-конференција со водачите на американската еврејска заедница. Рамазан, кој се очекува да започне на 10 март, историски гледано, често е тензичен период во регионот на Блискиот Исток.

Бени Ганц, кој е пензиониран генерал на израелската армија и дел од тричлениот воен кабинет на Нетанјаху, има важен, но не и одлучувачки глас за тоа каква акција ќе се преземе понатаму.

Израелската влада јавно не објави краен рок за почеток на копнена офанзива во Рафа, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони палестинско население во Појасот Газа побара засолниште од борбите.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли зачестените повици за запирање на воената офанзива во Газа.

To top