Бројот на жртвите во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а 41 лице се тешко повредени, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата.
Според информациите на германскиот весник, вкупно 205 лица се повредени, 86 лица се згрижени во болници со тешки повреди, додека 78 лица се здобиле со полесни повреди во нападот.
Suriye’de PKK’ya sahip çıkmak için IŞİD tekrar hortlatılıyor!
Almanya’nın Magdeburg kentindeki Noel pazarına araçları ile dalan güya 2 IŞİD’li teröristten biri canlı yakalandı. pic.twitter.com/T5TsVUVbi4
— NE KADAR OLDU? (@ne_kadarolduTR) December 20, 2024
Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари денеска ќе го посетат местото на крвавиот напад со автомобил во Магдебург што ги таргетираше посетителите на божиќниот саем во стариот пазар на градот.
Полицијата уапси 50-годишен лекар од Саудиска Арабија. Засега полицијата не е сигурна дали нападот можеби бил инспириран од исламисти или поврзан со психолошки проблеми на напаѓачот.
„Мотивите засега остануваат нејасни“, пишува Шпигел.
Нападот се случи речиси осум години до денот откако Германија го претрпе најсмртоносниот напад на џихадистите досега, кога Тунижанец влета со камион на божиќниот пазар во Берлин, при што загинаа 13 лица.
Ниту една екстремистичка група не ја презеде одговорноста за најновиот напад.