Свет

Четири лица починаа во Јапонија, 100 се хоспитализирани поради додаток во исхраната

Четири лица починаа во Јапонија, 100 се хоспитализирани поради додаток во исхраната

Најмалку четири лица починаа, а 100 се хоспитализирани откако конзумирале диететски суплемент во Јапонија, објавија денеска локалните медиуми.

– Произведувачот „Kobayashi Pharmaceutical Co.“ потврди смртни случаи поврзани со неговите додатоци во исхраната со црвен квасец, јави токиската Кјодо Њуз.

Компанијата повлече пет од своите производи, вклучително и речиси 300.000 пакувања од нејзините додатоци „Beni-Koji Cholesterol Help“.

Двајца починати суплементот го консумирале во 2021 година и почетокот на 2022 година.

Министерството за здравство, кое се сомнева за присуство на „токсична супстанција“ во производот, одржа сослушување со фармацевтските службеници од Осака во врска со алармантна здравствена загриженост од додатоците кои предизвикаа проблеми со функцијата на бубрезите по конзумирањето.

Компанијата не можела точно да ја утврди причината за проблемот.

Локалните власти во префектурата Осака вќера и наредија на Kobayashi Pharmaceutical да повлече уште три вида на додатоци Beni-Koji.

To top