Чешкиот министер за внатрешни работи и претставниците на полицијата, се обратија на медиумите по повод денешното масовно убиство на Карловиот Универзитет во Прага. Напаѓачот влегол во Универзитетот и убил 14 лица, а подоцна бил ликидиран.
Полицијата соопшти дека ги истражува деталите, и истражува дали денешниот напаѓач е одговорен за смртта и на две лица минатата седмица во шума во Клановицки во близина на Прага.
Се верува дека напаѓачот, кој немал криминално досие, по случаен избор ги бирал жртвите.