Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.
Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат.
Поплавите уништија домови, патишта, мостови и друга инфраструктура низ најголемата економија во Источна Африка. (МИА)