Свет Невработеност

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април

Направив план да ја подобрам економијата и сега гледаме како тоа се реализира со повеќе од 15 милиони работни места создадени од моментот кога ја презедов функцијата, изјави претседателот Џо Бајден

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април

Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март.

Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат со намалување на каматните стапки пред септември.

Бројот на работните места во април се зголемил за 175,000, соопштија денеска од Бирото за статистика на Министерството за труд.

– Со денешниот извештај за 175.000 нови работни места се гледа дека продолжуваме со големото враќање на Америка. Кога ја презедов функцијата наследив економија пред колапс со најлошата економска криза во векот. Направив план да ја подобрам економијата и сега гледаме како тоа се реализира со повеќе од 15 милиони работни места создадени од моментот кога ја презедов функцијата, изјави претседателот Џо Бајден во соопштение денеска.

Според него, САД забележале највисоко ниво на вработување на жените досега, платите растат побрзо од инфлацијата, и невработеноста е под 4 отсто веќе 27 месеци по ред.

Од Бирото за статистика укажаа дека стапката на невработеност пораснала од 3.8 отсто во март на 3.9 отсто во април и останува пониско од 4 отсто веќе 27 месец по ред.

Платите пораснале за 3.9 отсто во 12-те месеци заклучно април по растот од 4.1 отсто во март. Растот на платите во дијапазон од 3 до 3.5 отсто е соодветно на целното ниво на инфлација на Фед од 2 отсто.

Најнови вести од Свет

To top